
Аријан Адеми со нетрпение го очекува гостувањето против Манчестер Сити, но гласно порачува дека неговиот тим нема намера предвреме да капитулира против големиот фаворит.
„Знаеме против кого играме, што ќе не очекува на теренот, но опуштени сме бидејќи немаме што да загубиме, а тогаш сме најопасни. Дали се плашам од Сити? Да се плашев ќе останев во Загреб. Подготвени сме за борба, јас сакам само една работа, ако веќе ја продаваме кожата во Манчестер, нека биде многу скапо“ – истакнува капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми.
Динамо Загреб во првото коло славеше над Аталанта со 4-0, додека Манчестер Сити на стартот триумфираше со 0-3 на гостувањето против Шахтјор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal