
Лидс Јунајтед може да биде изненадување на шампионатот во претстојната сезона од Премиер – лигата. Минатата година, по враќањето во елитата, Марсело Биелса го одведе тимот до средината на табелата, а сега клубот од Јоркшир сака чекор напред, во Европа.
Тие веќе ги покажаа своите намери, ги купија левиот бек Жуниор Фирпо од Барселона и Харисон од Манчестер Сити. Но, Лидс не запира тука.
Потврдено е дека Лидс Јунајтед преговара со Адам Траоре, кој беше непрепознатлив минатата година по сезоната во која експлодираше со „волците“. Поранешниот матурант во Ла Масија е цел и на Ливерпул и на Арсенал, но се шпекулира дека тој повеќе би сакал да замине во Лидс и да биде стандарден првотимц. Во опција се Хрватот Брекало од Волфсбург и Фарид Булаја од Мец.
Лидс е финансиски стабилен, нема да продава, замина Езгјан Алиоски, кој не сакаше да го продолжи договорот, но сите други останаа во тимот, а ако дојде и Адама Траоре, тогаш Лидс ќе биде сериозно конкурентен за излез во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal