
Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, нема да биде од селекцијата на Италија за Европското првенство во Германија. Причина за ова е повредата во пределот на препоните поради која најверојатно ќе биде опериран во наредните денови.
Неговото место во одбраната на „аѕурите“ би можел да го заземе играчот на Јувентус, Федерико Гати, за кого Лучијано Спалети истакна дека треба да биде подготвен да се приклучи на тимот.
Засега Гати ќе се подготвува во Торино, а по потреба ќе биде повикан да се приклучи на селекцијата.
Италијанците утре треба да се соберат во базата на репрезентацијата во „Коверчано“.
Како и Ачерби, играчите на Аталанта, Скамака и Скалвини, ќе го пропуштат почетокот на кампот бидејќи нивниот тим игра со Фиорентина во одложениот натпревар од Серија А в недела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
