Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, кој се наоѓа под строги санкции во Велика Британија, побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на клубот, тврди „Скај Њуз“. За ова во последните 48 часа се информирани заинтересираните кандидати за купување на клубот.
Според „Скај“, барањето на Абрамович е поврзано со неговата желба продажбата да достигне сума од 2,5 милијарди фунти. Доколку тоа се случи, тој ќе донира 1 милијарда од сумата во добротворни цели, за помош на разурнатите делови на Украина.
Оваа недела тројцата преостанати кандидати за купување на Челси почнаа да ги презентираат своите конечни понуди и се очекуваше до крајот на неделата да биде избран новиот сопственик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













