Челси во последниот период е на „германски погон“. Раководството на клубот доведе неколку германски репрезентативци, но и покрај големите вложувања Франк Лампард не успева да ги оствари посакуваните резултати со тимот. Сопственикот Роман Абрамович сакa да доведе и германски тренер.
Негов избор е Џулијан Нагелсман, актуелниот тренер на Лајпциг. Младиот стратег е еден од најталентираните фудбалски тренери во светот, а со своите 33 години веќе има завидно искуство од Бундес-лигата и од Лигата на шампионите.
Во минатото, Нагелсман беше поврзуван и со Манчестер Јунајтед и со Арсенал, но сепак одлучи да остане во Лајпциг и потпиша нов договор. Абрамович е подготвен да плати и отштета за да го доведе на „Стемфорд бриџ“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













