Connect with us

А сега сериозно: Ралф Рангник ќе седне на клупата на „ѓаволите“

Ерик Кантона најави дека ќе биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед, но знаејќи го неговиот смисол за хумор и никој не го сфати премногу сериозно. Напротив. А всушност, вистинската информација е дека германскиот стратег Ралф Рангник ќе биде нов менаџер на „црвените ѓаволи“. Медиумите на Островот откриваат дека договор е постигнат, тој ќе седи на клупата до крајот на сезоната, а потоа веројатно ќе му ја препушти позицијата на Маурисио Покетино.

Во наредните две години, пак, Рангник ќе биде советник за фудбалски работи во Манчестер Јунајтед.

Ралф Рангник, со оглед дека ќе треба да помине период за да добие работна дозвола, претстојниот викенд нема да биде на клупата на Манчестер Јунајтед на дербито против Челси. Тимот и натаму ќе го предводи Мајк Карик.

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер замина од кормилото на клубот од „Олд Трафорд“ откако тимот загуби убедливо со 4-1 на гостувањето кај Вотфорд во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови