
Поранешниот македонски репрезентативец и член на Вардар, Предраг Ранѓеловиќ сезонава е дел од шведскиот второлигаш ГАИС. Во 6. коло од шампионатот, Ранѓеловиќ се издвои во второлигашката конкуренција во Шведска по ефектниот погодок кој го запиша за својот тим.
На дуелот против Јонкопинг, Ранѓеловиќ во 24. минута постигна гол директно од корнер – „Ала Артим Шаќири“ кој всушност потоа значеше и конечен триумф од 1-0 за ГАИС…
Ранѓеловиќ, кој македонската јавноста го запозна во дресот на Вардар кога во две сезони во 2011/2012 и 2012/2013 стигна до шампионските титули, има и пет настапи во дресот на македонската репрезентација. Пред доаѓањето во ГАИС беше дел и од Варнамо и Далкур во Шведска, како и белорускиот Минск.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal