
Актуелниот шампион Струга ТЛ гостува во Тетово да ја брани титулата, а Шкендија посакува триумф за да го врати трофејот во своите витрини. Ќе биде тоа жестока битка, а и двете екипи се подготвени за неизвесна пресметка.
Играчот за врска на Шкендија, Бруно Дита, вели дека во Шкендија нема еуфорија, иако со триумф денеска ќе ја освојат титулата. Клучна беше победата на Чаир против Шкупи во минатото коло.
„Ќе го дадеме најдоброто од нас и се надевам дека ќе ја донесеме титулата во Тетово. Подготвени сме за надигрувње и се надеваме на успех. Мора да бидеме мирни и внимателни, со нозете цврсто на земја. Не ни е потребна еуфорија. Верувам дека Шкендија е најдобриот тим и дека ќе бидеме шампиони“, изјави Бруно Дита.
Струга Трим Лум со два порази во низа, против Силекс дома (2-3) и против Тиквеш на гости (3-2) си ја загрози ситуацијата за одбрана на титулата. Сега ќе мора да одат по потешкиот пат, но капитенот Буњамин Шабани верува дека на крајот повторно стружани ќе се радуваат.
„Тоа е многу важен натпревар и за нас и за Шкендија. Тоа е дерби за титула. Убаво е во нашето првенство да има вакви дерби натпревари. Атмосферата во нашиот тим е одлична, работевме во текот на неделата и го анализиравме противникот. Шкендија има квалитетен тим, а денешшното дерби ќе го решаваат нијанси. Шкендија ќе има поддршка од навивачите, но во нашиот тим има фудбалери кои добро ја познаваат таа средина и атмосферата што се создава во Тетово, па тоа нема да биде голем минус за нас како тим. Се надевам дека и јас и тимот ќе повториме едно од минатите добри изданија од дуелите против Шкендија и ќе дадеме сѐ од себе да ја оствариме целта“, изјави Буњамин Шабани.
Шкупи на Чаир ја пречекува Брера и се надева дека ќе се рехабилитира од поразот од Шкендија, а Вардар му гостува на Силекс во Кратово и се надева дека со успех може да го избегне и баражот за опстанок во елитата.
На Гостивар и на Работнички им е потребен по еден бод од меѓусебниот дуел за да бидат сигурни и безгрижни во последното коло, а Тиквеш и Воска Спорт во Кавадарци ќе имаат претпремиера за финалето на Купот.
Во Ѓорче Петров се среќаваат екипите кои испаднаа од Првата лига, Македонија ЃП и Брегалница.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО (денеска, 17 часот)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – БРЕРА
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
