
Милан ќе се обиде да го привлече дефанзивецот на Тотенхем, Емерсон Ројал. 25-годишниот Бразилец е една од главните трансферни цели на „росонерите“ за летото, кои веќе започнале преговори за негов трансфер, пишува „Газета дело спорт“.
Емерсон долго време е на радарот на „росонерите“, кои овојпат се надеваат дека ќе успеат да го земат во своите редови. Сепак, Тотенхем сака да добие 30 милиони за правата на бекот, а Италијанците не се подготвени да платат таква сума, што засега ги блокира преговорите.
Се очекува двата клуба да имаат нови разговори на оваа тема, во потрага по опција која им одговара на сите страни. Емерсон Ројал не играше редовно оваа сезона и го загуби местото во почетниот состав на Тотенхем од Педро Поро. Има забележано само 23 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна еден гол.
Емерсон Ројал е заинтригиран од можноста да го носи дресот на „росонерите“. Во Тотенхем дојде од Барселона во 2021 година, кога Тотенхем за него плати 25 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
