
Пелистер ја совлада Победа со 1-0 во дербито на Пелагонија, па остануваат маките за прилепчани околу опстанокот.
Ѓорѓуи Танушев беше беше стрелец на погодокот за минимален триумф на Пелистер постигнат во 66.минута од дуелот.
Беса одигра без голови на домашен терен против Башкими, а и Детонит Плачковица одигра 0-0 на гости кај Кожуф во Гевгелија.
Каменица Саса славеше убедливо (0-3) на гости против Караорман со головите на Ајрули, Бекир и Николовски, а Тетекс го победи Охрид со 2-1 и ги задржа шансите за директен опстанок во второлигашката конкуренција. Амити и Станковски беа стрелци за „текстилците“.
Осогово ремизираше 2-2 на гости кај Арсими. Цуцули и Рамадани донесоа водство од 2-0 за Арсими, но гостите израмнија со погодоците на Дојчинов и на Манов.
Вардар Неготино го совлада Новаци со 2-1 со головите на Зумровски и на Хасан. За гостите погоди Јовановски.
Беласица ремизираше 2-2 на гости против ФК Скопје на „Автокоманда“. Стрелци за струмичани беа Јовов и Михолов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
