
Манчестер Сити оствари триумф (0-4) на гости против Фулам и се искачи на првата позиција на табелата во Премиер-лигата. Доколку „граѓаните“ успеат да ги победат и останатите натпревари до крајот на шампионатот, ќе ја одбранат титулата.
Јошко Гвардиол беше стрелец на првиот гол за Манчестер Сити. Тој во 13.минута одлично се уфрли од левата страна, влезе во шеснаесетникот и го совлада Бернд Лено.
Фил Фоден во 59.минута зголеми на 0-2, а Гвардиол во 71.минута со својот втор гол го реши победникот.
Во последните мигови беше досуден пенал, а Хулијан Алварез беше успешен реализатор за конечни 0-4.
Утре Арсенал го очекува гостување на „Олд Трафорд“ и дуел со Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпишува за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
