
Францускиот Пари Сен Жермен не се откажува од намерата да ја ангажира ѕвездата на Наполи, Квича Кварацелија, како замена од следната сезона за Килијан Мбапе кој заминува од клубот.
Како што е познато, напаѓачот веќе официјално објави дека на лето ги напушта парижаните како слободен играч и речиси сигурно ќе се пресели во Реал Мадрид.
Интересот на Пари Сен Жермен за репрезентативецот на Грузија се најавуваше и пред неколку недели, а сега е многу посериозен. Тој е најголема желба и на списокот за нови засилувања на тренерот Луис Енрике.
Меѓу потенцијалните нови имиња беа и оние на соиграчот на Кварацкелија од Наполи, Виктор Осимен и Рафаел Леао од Милан.
23-годишниот Квича Кварацкелија има договор со Наполи до јуни 2027 година и двете страни веќе се во преговори за продолжување на истиот. Оваа сезона за Наполи постигна 10 гола и девет асистенции на 42 настапи во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпишува за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
