
Фудбалерот од средниот ред Софијан Амрабат ќе се врати во Фиорентина од Манчестер Јунајтед ова лето, откако „црвените ѓаволи“ нема да ја активираат клаузулата во неговиот договор со која би го потпишале трајно за 20 милиони евра.
27-годишниот марокански интернационалец немаше добра сезона во Премиер – лигата. Во услови на хаотична сезона за „црвените ѓаволи“, позајмениот играч од Фиорентина не успеа да најде место во составот.
Играчот од средниот ред ќе се врати во Фиренца, но Фиорентина нема намера да го задржи играчот чиј договор истекува во јуни 2025 година, па веднаш ќе се обиде да го продаде на лето.
„Тутоспорт“ објави дека Милан започнал разговори со Амрабат, а се верува дека Фиорентина бара меѓу 15 и 18 милиони евра за неговите услуги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
