
Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс, би можел да го направи своето долгоочекувано враќање на терените на мечот против Нотингем Форест, пет месеци откако беше подложен на операција на тетивата, објави менаџер Маурисио Покетино. Десниот бек оваа сезона забележа само осум настапи во Премиер – лигата, а последен пат играше на 10 декември против Евертон.
Враќањето на Џејмс може да биде големо засилување за Челси во нивните последни три натпревари, а исто така ги подгрева надежите дека 24-годишниот играч би можел да настапи за Англија на ЕВРО 2024.
Челси е на седмото место на табелата со 54 бода, додека Нотингем Форест е загрозен, три бода над зоната за испаѓање и се наоѓа на 17. место.
На тренинзите на Челси се врати и играчот од средниот ред Лесли Угочукву, кој не играше откако ја повреди тетивата на Божиќ, додека голманот Роберт Санчез е истот ака блиску до враќање на терен.
„Среќен сум што повредените се враќаат. Ова е последната недела од сезоната и речиси сите играчи ќе бидат фит и достапни – моментот е добар. Добро е да гледаме кон иднината и да бидеме поголеми оптимисти”, додаде Покетино.
Челси гостува во Брајтон во среда пред да го пречека Борнмут во последното коло на 19 мај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
