Connect with us

Манчестер Јунајтед е подготвен за спектакуларна размена со Барселона

Манчестер Јунајтед ќе тргне по Френки де Јонг, фудбалерот за врска на Барселона, ова лето, тврдат медиумите на Островот.


Во текот на целото лето 2022 година, раководството на Манчестер Јунајтед се обидуваше да го доведе овој Холанѓанец, но на крајот не успеа и потоа го доведе Кашемиро за 70 милиони фунти. Бразилецот е големо разочарување, па сега „ѓаволите“ повторно ќе се обидат со Де Јонг. Се вели дека е на врвот на листата на желби на Сер Џим Ретклиф.

Интересно е дека Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели дури и со Бруно Фернандеш за да го добие потписот на Френки де Јонг.

Клубот од „Олд Трафорд“ би сакал да понуди спектакуларна размена во која Бруно Фернандеш би заминал во Барселона, а Френки де Јонг би го облекол дресот на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови