
Повредите во Манчестер Јунајтед оваа сезона едноставно не завршуваат, откако двајца играчи на тимот се здобија со дополнителни повреди на тренинг, потврдија од клубот.
Играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“, Мејсон Маунт, кој цела сезона го мачеа здравствени проблеми, повторно се повреди, а не е јасно колку време ќе отсуствува. Лук Шо, кој ги продолжи тренинзите со тимот, се здоби и со уште една повреда што го доведува во прашање неговото учество на Европското првенство во Германија.
Добрата вест е што Лисандро Мартинез и Маркус Рашфорд тренираат заедно со своите соиграчи од средината на оваа седмица. Аргентинскиот дефанзивец изрази желба да започне од првата минута, но менаџерот Ерик тен Хаг увери дека нема да има ризик по неговото здравје и тој ќе стартува од клупата на дуелот против Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпишува за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
