
Баерн Минхен сака да го врати Ханси Флик за тренер следната сезона. 59-годишниот стратег е без работа, откако во септември минатата година беше отпуштен од функцијата селектор на Германија по лошите резултати со Бундес-тимот.
Според информациите, во последните неколку часа се водат конкретни преговори меѓу раководството на Баерн и агентите на стратегот. Флик ја изразил својата основна желба да се врати во Баерн. Има уште многу работи што треба да се случат, а Баерн сѐ уште размислува за други опции, но во моментов планот на клубот е да го врати Ханси Флик како тренер во баварскиот клуб.
Флик првично беше асистент на Нико Ковач, а по отказот на Хрватот го водеше Баерн во периодот од 2019 до 2021 година и стигна до импресивна тројна круна за време на пандемијата 2020 година. После тоа го освои и Светското клупско првенство, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Германија.
Во следната 2021 година, стратегот стана шампион со Баварците, имаше и одличен процент на победи во периодот додека беше на кормилото на тимот.
Заедно со Ханси Флик во Баерн треба да се врати и Мирослав Клосе како негов прв асистент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
