Килијан Мбапе (25) на крајот од сезоната го напушта Пари Сен Жермен. Тој го објави ова во видео што го сподели на социјалните мрежи. Мбапе досега одбиваше да ги коментира гласините за неговата иднина, а сега ги презеде работите во свои раце и официјално се прости од парискиот клуб. Тој во недела на првенствениот натпревар против Тулуз ќе истрча на „Паркот на принцовите“ за последен пат како играч на ПСЖ.
MERCI. 🔴🔵 @PSG_inside pic.twitter.com/t0cL2wPpjX
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 10, 2024
„Отсекогаш сум велел дека ќе ве контактирам кога ќе дојде време, па затоа сакам да ви објавам дека ова ми е последна година во Пари Сен Жермен. Нема да го обновувам договорот и авантурата ќе заврши за неколку недели“, рече Мбапе, заблагодарувајќи им се на сите со кои соработуваше во ПСЖ.
„Има многу емоции, има многу години во кои имав можност и голема чест да бидам член на најголемиот француски клуб и еден од најдобрите клубови во светот, што ми го даде првото искуство во клуб со голем притисок, исто така, ми овозможи да пораснам како играч покрај некои од најдобрите во историјата, да запознам многу луѓе и да пораснам како човек со целата слава што ја стекнав и сите грешки што ги направив.“
Иако не откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, изјави дека заминува од Франција.
Сепак, медиумите со месеци пишуваат дека неговиот потпис за Реал Мадрид е речиси завршена работа. На крајот од оваа сезона Мбапе имаше опција да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година, но тоа нема да го стори, па ќе го напушти клубот без обештетување.
Тој пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако на 19-годишна возраст. Парижаните за него платија отштета од 180 милиони евра. За седум години во Париз, тој стана еден од најдобрите играчи во светот. Шестпати со ПСЖ го освојуваше францускиот шампионат. За парискиот клуб настапи 306 пати и постигна 255 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













