Иван Тричковски е изборот на тренерите во кипарскиот шампионат за МВП на сезоната во оваа лига. Признанието за македонскиот ас е сосема заслужено ако се земат во предвид неговите одлични игри во дресот на АЕК Ларнака, кој токму благодарение на Тричковски се наоѓа на второто место на табелата.
Изборот е организиран од страна на Кипарската Фудбалска Федерација, која на 20 мај на гала-вечера ќе му ја додели наградата на Тричковски. Своите гласови ги даваат сите тренери во првата кипарска лига, при што Тричко заслужено доби најголема поддршка. Тој сезонава има постигнато 15 погодоци во кипарскиот шампионат, а постигна и низа значајни голови за АЕК Ларнака во Лигата на Европа, внесувајќи го овој тим и во групната фаза од европското натпреварување.
Од останатите лауреати, за тренер на годината е избран Паоло Траметсани од Аполон, а за најдобар дебитант во кипарскиот шампионат избран е Матија Шпољариќ од Алки.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski