Македонскиот голман Дејан Илиев ќе биде дел од тимот на Арсенал на големото финале од Лигата на Европа што „топчиите“ во Баку ќе го играат против лондонскиот ривал Челси. Нашиот интернационалец ќе профитира од промената во правилата на УЕФА, откако европската куќа на фудбалот дозволи финалистите да имаат дури по 12 резервни фудбалери за финалниот натпревар од Лигата на Европа.
Во таа ситуација, Унаи Емери е решен да им даде можност на дел од помладите фудбалери да бидат дел од тимот и да соберат драгоцено искуство кое сигурно ќе им користи во иднина. Извори блиски до „топчиите“ тврдат дека Илиев е еден од петмината избрани играчи од младинскиот тим, заедно со Нкетиа, Вилок, Сака и Амаечи. Тој ќе тренира со првиот тим на Арсенал во следните денови, по што се очекува да се најде и на конечниот список на патници за Баку, како и во официјалниот записник од големото финале.
Се очекува прв голман на Арсенал на овој меч да биде Петр Чех, кому ова ќе му биде последен натпревар во фантастичната кариера со оглед на веќе најавеното пензионирање на крајот од сезонава.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski