
Ливерпул оствари убедлив триумф (4-2) против Тотенхем на „Енфилд Роуд“ нанесувајќи му го четвртиот последовен пораз на тимот на Анге Постекоглу. Блескаше Харви Елиот кој постигна прекрасен погодок, а имаше и убава асистенција за „црвените“.
Мохамед Салах во 16.минута го доведе Ливерпул во водство, а Енди Робертсон зголеми на 2-0 пред крајот на првиот дел.
Коди Гакпо во 50.минута третпат ја затресе мрежата на Тотенхем, а девет минути подоцна Харви Елиот постигна спектакуларен гол.
Тотенхем успеа да намали со головите на Ришарлисон и на Хјонг – Мин Сон, но триумфот сепак му припадна на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?
