Connect with us

Шкендија го замолкна Чаир, Струга ТЛ го победи Гостивар

Шкупи и Шкендија имаа дерби пресметка на Чаир, со многу тензија и желба за триумф кај двете екипи. На крајот се радуваа гостите кои славеа со 0-2. Клисман Цаке во 18.минута донесе водство за Шкендија откако погоди со глава од непосредна близина. Во вториот дел, Фитон Адеми постигна втор гол за гостите во 59.минута и го реши големото дерби.

Шампионот Струга ТЛ им се врати на победите откако загуби на последните два меча. Денеска стружани славеа против Гостивар со 1-0. Стрелец на голот беше Марјан Радески во 22.минута од мечот.

Работнички и Тиквеш одиграа добар меч на Националната арена „Тодор Проески“, а победи домаќинот со 3-1. Кристоџеј Дејли го отвори резултатот во 28.минута, а Атдхе Мазари со атрактивен шут зголеми на 2-0 во 54.минута. Луан Силва од пенал погоди за Тиквеш во 70.минута, но и Мазари реализираше пенал за Работнички во 81.минута за конечен триумф.

Вардар ја победи Македонија ЃП со 1-0 на стадионот „Борис Трајковски“. Дејан Ѓуриќ во 93.минута постигна гол кој ги испрати “лавовите” во Втора лига.

Воска Спорт во Охрид славеше против Силекс со 2-1.

Брера во Турново ја пречека Брегалница и ремизираше 1-1.

По ова коло јасно е дека Македонија ЃП и Брегалница се селат во Втората лига.

ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0-2

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1-0

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3-1

ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 2-1

БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1-1

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови