Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се радува на нов трофеј во португалскиот фудбал стигнувајќи до Купот на Португалија со Спортинг, по триумфот против Порто по изведувањето на пеналите.
Ристовски поради суспензијата не настапи во денешното финале на својот тим, но секако се радува на новата титула. Претходно, Спортинг на почетокот од годинава го освои и Лига купот на Португалија откако исто така славеше во финалето против Порто, повторно по подоброто изведување пенали.
Во регуларниот дел финалето заврши без победник (1-1), а во продолженијата Холанѓанецот Дост го доведе Спортинг до предност од 2-1. Но, Порто со голот на Фелипе буквално во последните секунди од мечот успеа да се избори за пенали.
И, во пенал-серијата Фернандо промаши во шестата серија кај Порто, па Спортинг се радуваше на трофејот во Купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













