
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг може да остане на кормилото на англискиот клуб и во следната сезона, пренесува „The Athletic“.
Според изворот, раководството на клубот, главно во лицето на новиот косопственик Сер Џим Ретклиф, има намера да го задржи 53-годишниот Холанѓанец следната година. Новите сопственици на Манчестер Јунајтед веруваат дека отпуштањето на Тен Хаг и барањето нов стратег ќе бара и дополнителни инвестиции.
Во информацијата се наведува и дека ИНЕОС ја идентификувал и вистинската причина за тешкотиите на Тен Хаг, која лежи во претходното раководство на клубот, кое не успеало да обезбеди добри основи за неговиот успех во Манчестер Јунајтед.
Тен Хаг е на чело на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година, освојувајќи го Карабао купот и завршувајќи во Топ 4 во својата прва сезона. Сепак, „црвените ѓаволи“ беа исфрлени во групната фаза на натпреварувањето оваа сезона, а тимот се наоѓа на шестото место во Премиер – лигата со 54 бода од 34 натпревари и нема да успее да се квалификува за Лигата на шампионите следната година.
Сепак, Манчестер Јунајтед ќе има шанса да освои трофеј со оглед дека во финалето на ФА Купот ќе игра против градскиот ривал Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
