
Ханси Флик долго чекаше за Барселона, но се сврте кон други опции кога Чави Хернандез реши да остане во каталонскиот клуб и следната сезона.
Очигледно сега Флик е сериозен кандидат за клупата на Челси.
„Ханси Флик сега е сериозен кандидат за клупата на Челси, кој беше сериозно загреан кога клубот го отпушти Френк Лампард. Челси е во потрага по нов менаџер и мислам дека наскоро би можело да биде многу „жешко“ во врската со Флик“, објави уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк.
Флик ја освои Лигата на шампионите со Баерн, а потоа не се прослави на германската клупа и оттогаш бара нова работа.
Маурисио Покетино кога пристигна минатото лето му ветија долгорочен проект во Челси, прифати голем број млади играчи, без лидер, што се одрази на резултатите. На Аргентинецот сега не му се гарантира останување на „Стемфорд бриџ“, што и самиот го потврди по победата над Тотенхем.
„Не сум јас тој што одлучува и не е прашање за мене. Не знам дали ќе бидам тука следната сезона“, изјави Покетино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
