Манчестер Јунајтед се обидел да го купи Хари Кејн од Тотенхем минатото лето, призна менаџерот Ерик тен Хаг. Сепак, договор не беше постигнат, а подоцна напаѓачот се пресели во Баерн Минхен.
Информации за взаемниот интерес меѓу Кејн и клубот од „Олд Трафорд“ имаше и по завршувањето на сезоната 2022/23. Сега Ерик тен Хаг го потврди тоа.
„Во последната деценија и конкретно во актуелниот период не секогаш успеваме да ги добиеме играчите кои ги сакаме“, изјави Холанѓанецот за „Скај Спортс“.
„Моравме да направиме избор, на пример, за талент како Расмус Хојлунд. Има напаѓач (како Хари Кејн) кој веќе се докажа и го сакавме, но не успеавме да го добиеме. Потоа се свртевме кон Расмус. Да, знаеме дека Кејн ти гарантира 30 гола. Но, мислам дека и Хојлунд ќе го достигне своето ниво, но му треба време. Не е фер да ги споредуваме. Никогаш не би го направил тоа бидејќи тие се различни“, изјави Тен Хаг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal