
Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, го коментираше поразот од Баер Леверкузен со 0-2 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа.
„Видовме од нашиот сопствен пример колку е силен Баер Леверкузен. Во првото полувреме игравме во стилот што треба и се справувавме со нивните контранапади. Понекогаш малите нешта се тие што ја прават разликата. Не успеавме да ги реализираме нашите шанси, а кога тие ќе поведат тешко е да се игра против таков тим.
Знаеме дека во реваншот треба да постигнеме подвиг за да излеземе и да победиме со 2-0 на стадионот на тимот кој никогаш не загубил оваа сезона. Ќе треба повеќе да напаѓаме, прикажувајќи игра слична на онаа во првото полувреме. Дефинитивно ќе играме до последната минута, како и сега, кога можевме да постигнеме гол во судиското надополнување“, изјави Де Роси.
Реваншот ќе се игра во Леверкузен на 9 мај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
