Поранешниот македонски репрезентативец Музафер Ејупи по три години во редовите на Осијек, на крајот на изминатава натпреварувачка сезона се разделува со хрватскиот прволигаш.
Ејупи им се заблагодари на сите во Осијек истакнувајќи дека минал три преубавите три години во хрватскиот тим.
„Драги навивачи на Осиек, минав три прекрасни години со вас. Често заедно се радувавме на головите и на успесите кои ги остваривме. Ја почувствував вашата голема поддршка во секој момент, не само на теренот, туку и надвор од него, во моменти кога ми беше најтешко без фудбалот. За жал, дојде време за разделба со вас и со Осијек. Никогаш нема да ја заборавам Кохорта и сите вас кои секогаш го поддржувавте клубот и мене лично. Ви благодарам на се. Секогаш овој град и клубот ќе ги носам во своето сино-бело срце и со задоволство ќе се враќам тука. Ве сака Музо“ – напиша Ејупи на својот фејсбук профил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













