Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев е дел од составот на Арсенал за вечерашното финале од Лигата на Европа против Челси, откако Унаи Емери се реши да го вклучи нашиот интернационалец на клупата за резерви. Илиев тренираше со првиот тим во изминатите десетина дена, по што профитираше од новото правило на УЕФА кое дозволува финалистите да имаат вкупно по 23 играчи во официјалниот записник.
Интересно, Македонецот не се најде на првиот список на Емери објавен околу 80 минути пред финалето. Сепак, Илиев влета како замена во последен момент, заземајќи го местото на клупата што претходно беше наменето за Ксавиер Аменечи.
Финалето стартува од 21 часот на Олимпискиот стадион во Баку, во Азербејџан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













