Connect with us

Струга ТЛ и Шкупи загубија, пресврт на Шкендија, Вардар го освои Штип

Шампионот Струга Трим Лум не успеа да помине на гостувањето во Кавадарци и загуби од Тиквеш со 3-2. Очигледно е дека шампионот е во криза. Бесарт Ибраими беше двоен стрелец за Шкендија, но тоа не беше доволно за победа. Тој стигна до големо остварување, вкупно 200 гола во македонските шампионати.

Даниел Мојсов во 32.минута донесе водство за Тиквеш, потоа Ибраими се погрижи за пресврт, но Тиквеш не се предаде и постигна два гола за триумф.

Кристијан Стојкоски донесе израмнување во 82.минута, а Луан Силва постигна победнички погодок во судиското продолжение.


Шкупи исто така загуби на гости кај Гостивар со 2-0. Андреј Кировски донесе предност за Гостивар, а Ланре Кехинде во финишот го потврди триумфот.

Шкендија во Тетово ја пречека Брера и славеше со 3-2 после луд пресврт. Сега Шкендија е на првата позиција, иако триото тимови имаат по 58 бода. Ѓорѓе Ивковиќ во 16.минута обезбеди предност за Брера, а Матеј Цветаноски зголеми на 0-2. Но, потоа дојде пресвртот на Шкендија. Фитон Адеми во 77.минута погоди за надеж, Клисман Цаке во 87.минута израмни, а Аганспахиќ постигна победнички гол во 94.минута.

Во Штип имаше пресметка за опстанок меѓу Брегалница и Вардар, а на крајот се радуваа гостите кои славеа со 0-3. Шушњара погоди на стартот за водство на Вардар, а во финишот тимот на Горазд Михајлов постигна уште два гола за убедлив триумф преку Дошев и Николовски.

Македонија ЃП на домашен терен загуби од Воска Спорт со 0-2. Антонио Илиески донесе водство за охриѓани, а Алекса Марушиќ го потврди триумфот.

Силекс во Кратово го пречека Работнички, а мечот заврши со победа на “романтичарите”, 0-1. Беше досуден пенал за Работнички во 82.минута, Божиновски го одбрани ударот од 11 метри на Али Регба, но Марселин Гандо Биала погоди од втор обид.

ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 3-2
ШКЕНДИЈА – БРЕРА 3-2
ГОСТИВАР – ШКУПИ 2-0
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-1
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-3
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 0-2

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови