
Нема „забранети“ удари кога ќе дојде на ред битката за опстанок. Оттаму, јасно е дека денешните дуели во Штип и во Ѓорче Петров ќе бидат „пеколни“.
Во Штип, Брегалница го пречекува Вардар. Штипскиот тим е во зоната за испаѓање, но со евентуален триумф над Вардар ќе се израмни бодовно со „црвено-црните“. Вардарци, пак, секако, сакаат позитивен резултат за да останат над линијата која означува опасност на табелата.
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП ќе ја пречека Воска Спорт. „Лавовите“ освоија бод на гости против Работнички, но ќе мора да победуваат за да го избегнат најлошото.
„Немаме избор денес, победата е единствена опција, ако сакаме да обезбедиме опстанок. Ќе одиграме најмотивирано досега, еден за сите, сите за еден“, изјави фудбалетот на Македонија ЃП, Иван Галевски.
Во Кратово, Силекс го пречекува Работнички откако во минатото коло го изненади актуелниот шампион Струга ТЛ и славеше на гости со 2-3.
Стружани во ова коло гостуваат кај Тиквеш во Кавадарци, Шкупи оди на мегдан во Гостивар, а Шкендија е домаќин на Брера.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО (денеска, 16 часот)
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
ШКЕНДИЈА – БРЕРА
ГОСТИВАР – ШКУПИ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
