Даниел Божиновски во последен момент се премисли, па наместо да потпише договор со Брегалница, искусниот голман реши својата кариера да ја продолжи во далечниот Азербејџан. Сабаил е тимот чии бои ќе ги брани македонскиот голман, откако овој клуб експресно ги договори условите за едногодишна соработка со Божиновски, давајќи му понуда шт беше премногу добра за да се одбие.
Сабаил го освои третото место во Азербејџан сезонава, зад Карабах и Нефчи, па македонскиот голман ќе има можност да настапува со оваа екипа и во европските купови.
Во Сабаил како кондициски тренер работи Тони Богдановски, кој претходно исто така беше дел од тимот на Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













