Актуелниот шампион Струга Трим Лум ја има добитната комбинација за освојување на титулата во свои раце, потребни им се пет победи во преостанатите пет кола за сигурно да го освојат трофејот.
Фљамур Таири тврди дека фудбалерите и стручниот штаб се свесни за тоа и максимално се посветени на предизвикот. Во Струга денеска гостува Силекс.
„По два натпревари без победа, минатата недела се вративме на победите совладувајќи ја Македонија ЃП во Скопје, па силно верувам дека треба да продолжиме со ова темпо и на мечот со Силекс. Бодовите се многу важни, па мислиме само на победа и на трите бода. Секоја победа нѐ носи поблиску до титулата“, изјави Фљамур Таири.
Шкупи со новиот тренер Ернест Ѓока ќе се обиде во финишот да ја прескокна Струга ТЛ во трката за титулата, а и Шкендија има свој план како да стане шампион.
На Чаир гостува Тиквеш, тимот кој го елиминира Шкупи во полуфиналето на Купот, а Шкендија во Тетово е домаќин на Гостивар.
Интересно е и во битката за избегнување на дното. Вардар денеска гостува во Турново и ќе игра против Брера.
Работнички сака да продолжи со победничките игри, но Македонија ЃП освен да освои три бода во меѓусебниот дуел ако сака да ги продолжи надежите за опстанок.
Во Охрид меѓусебна пресметка ќе имаат Воска Спорт и Брегалница.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО (16 Ч.)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕРА – ВАРДАР
ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski