Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред можна преселба во Серија А. Новопромовираниот член на најсилната италијанска лига, Бреша е сериозно заинтересирана во своите редови да го види фудбалерот од средниот ред на унгарски Мол Види.
Како што пренесува италијанскиот „Тутомеркато“, Бреша веќе подолг период ги следела настапите на Николов и за Мол Види и во дресот на македонската репрезентација, па по освојувањето на Серија Б и пласманот во Серија А за новата сезона веќе се активирани и понудите за ангажман на македонскиот фудбалер.
Наредниот период се очекува договор меѓу двата тима околу финансиските услови под кои Николов би заминал од унгарскиот тим и би се преселил во атрактивната Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













