Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски својата кариера ќе ја продолжи во Удинезе. Според најавите од Италија, договорен е неговиот трансфер од Палермо во калчолигашот од Удине.
Палермо е во голема финансиска криза, дури и пред преселба во Серија Д поради финансиски малверзации, а Несторовски треба деновиве и официјално да потпише двегодишен договор со Удинезе.
Тренер на Удинезе е Хрватот Игор Тудор кој инсистира на реализација на трансферот. Несторовски треба наредните денови да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













