По официјалната потврда за трансферот на најдобриот македонски стрелец Влатко Стојановски во Ним, од францускиот прволигаш истакнуваат дека ги следеле настапите на напаѓачот повеќе од една година.
Стојановски денеска треба да се појави и пред медиумите во Франција на промоцијата во Ним откако и официјално ќе биде потпишан тригодишниот договор.
„Ангажманот на Стојановски воопшто не е случаен. Го следевме повеќе од една година, и точно знаеме што купуваме. Тој е напаѓач со извонредно чувство за гол, паметно игра во казнениот простор користејќи ги двете нозе а е одлично и во играта со глава. Стојановски е тимски играч, што за нас е од исклучително значење. Со оглед на неговата младост, има само 22 години, знаеме дека тој е добра перспектива“ – вели спортскиот директор на Ним, Лорен Бојсие.
Ренова за трансферот на Влатко Стојановски ќе добие 300.000 евра, а вкупниот сума на трансфер за тригодишен ангажман на македонскиот напаѓач, како што пренесуваат француските медиуми, е 1,5 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













