
Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска (16 часот) игра многу важен натпревар во битката за опстанок, а некако судбински, Воска е ривалот кој во изминатите две години е најголемиот конкурент. „Црвено-црните“ имаат бод предност пред Воска и со евентуален триумф би направиле голем скок во пресрет на последните пет кола од шампионатот.
По поразот од Работнички, тренерот Горазд Михајлов и фудбалерите се мобилизираа и максимално се посветија на подготовка на денешниот меч.
Ривалите за титулата гостуваат. Шампионот Струга Трим Лум игра против Македонија ЃП во Ѓорче Петров, а Шкупи оди на мегдан на Силекс во Кратово.
Шкендија исто така има тешко гостување против Тиквеш во Кавадарци.
„Знаеме дека Шкендија има цел да победи на секој натпревар. Фокусирани сме максимално на мечот против Тиквеш во Кавадарци и ќе сториме сѐ да ги освоиме трите бода“, изјави Мевлан Адили.
Гостивар на домашен терен ја пречекува Брера.
Вчера, Работнички оствари триумф (0-1) на гости во Штип против Брегалница.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО (денеска, 16 часот)
СИЛЕКС – ШКУПИ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – БРЕРА
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
