
Шкупи се бори за шампионската титула, но во последните неколку кола ќе се обиде да стигне до трофејот без досегашниот тренер Младен Жижовиќ. По елиминацијата од Тиквеш во полуфиналето на Купот, раководството на Шкупи му најавило разделба на Жижовиќ, а тој неофицијално веќе си заминал. Иако клубот засега официјално тоа го нема потврдено, се очекува Шкупи денеска во Кратово против Силекс да биде предводен од некој тренерите од сопствениот погон.
Шампионот Струга Трим Лум ја очекува гостување во Ѓорче Петров и дуел против Македонија ЃП на која и гори под нозе, а Шкендија ќе гостува кај Тиквеш во Кавадарци.
Вардар и Воска Спорт ќе имаат жестока пресметка за опстанок на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, додека во Гостивар се среќаваат домаќинот и Брера.
Вчера, Работнички ја победи Брегалница со 0-1 и направи голем чекор напред околу избегнувањето на позициите кои носат опасност за опстанок во елитата.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО (денеска, 16 часот)
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ШКУПИ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
ГОСТИВАР – БРЕРА
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
