Горан Пандев кон крајот на ланската сезона постигна важни голови помагајќи Џенова да обезбеди опстанок, заслужено потпишувајќи нов договор на уште една сезона со тимот од „Мараси“. Тој е задоволен од стартот на подготовките и од методите на новиот тренер Андреацоли, кој подготвил и нова улога за Македонецот во тимот за наредната сезона.
„Јас сум еден од повозрасните, но дојдоа млади и храбри засилувања, кои ќе го направат нашиот тим подобар од лани. Ми се допаѓа што тренерот Андреацоли сака што повеќе да имаме посед над топката, не само да ја шутираме напред. Секако дека секој тренер си носи и свои тактички замисли, но она што го видов во првите денови ми се допаѓа. Разговарав со Андреацоли, кој отворено ми кажа дека ме гледа како плејмејкер во средниот ред. Малку е чудно, позицијата е поповлечена, а јас речиси цела кариера играм во нападот или како полушпиц, но тренинзите и контролните натпревари ќе ми помогнат да се адаптирам во оваа улога. Не е лесно да се направи ваква промена на 36 години, но ќе сторам се за да му помогнам на тимот“ – истакнува Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













