Поранешниот легендарен голман на Баерн, Оливер Кан, даде интервју во кое изјави дека има само еден тим во светот со поквалитетни играчи од германскиот гигант.
Лигата на шампионите влегува во самата завршница. ПСЖ и Борусија Дортмунд се првите полуфиналисти, откако ги елиминираа шпанските клубови Барселона и Атлетико Мадрид. Честа на Ла Лига ќе ја брани Реал, кој вечерва во Манчестер против Сити го игра реваншот од четвртфиналето, откако првиот дуел во Мадрид заврши со резултат 3-3.
Германците би можеле да имаат два учесника во полуфиналето доколку Баерн Минхен вечерва на „Алијанц Арена“ го елиминира Арсенал. Првиот дуел во Лондон заврши со резултат 2-2.
Кан пред овој натпревар ги анализираше актуелните тимови во Лигата на шампионите и изјави дека само една екипа во светот моментално има подобри играчи од Баерн.
„Освен Манчестер Сити, ниту еден тим во моментов нема подобар ростер од Баерн“, изјави Оливер Кан.
Баерн Минхен со години суверено владееше со Германија, а сега титулата му припадна на Баер Леверкузен, кој под водство на Чаби Алонсо ја обезбеди првата титула во Бундес-лигата веќе во 29. коло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













