
Енис Барди е желба на Еспањол, но македонскиот репрезентативец нема намера да инсистира на трансфер бидејќи е среќен како член на Леванте. Тој по првите тренинзи во текот на летово уште еднаш ја потенцираше својата лојалност кон сегашниот тим, но и изрази желба за подобри резултати од ланската сезона, кога оваа екипа едвај се избори за опстанок во „Ла Лига“.
„Одлично сум примен од првиот ден во овој клуб. За млад играч е многу важно од самиот почеток да му биде олесната адаптацијата, како што тоа беше случај со мене во Леванте. Јас сум благодарен поради тоа и сакам да возвратам со нови добри партии. Не смееме да ги повториме грешките од ланската сезона, мораме да бидеме подобри од лани, да имаме помирна сезона и да не се тресеме до самиот крај за прволигашкиот опстанок. За среќа, минатата сезона се извлековме, очекувам во новата сезона да бидеме уште подобри“ – порача Енис Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
