
По подолг период, Арената Тодор Проески во Скопје пристојно исполнета, допадлив фудбал како дел од Првата фудбалска лига, фер-плеј на теренот и коректно навивање од трибините. Максимална пофалба и за навивачката група „Комити“ која даде посебен шарм на градското дерби меѓу Работнички и Вардар. Славеа „романтичарите“ со 2-0.
„Дерби какво што му треба на Скопје. ФК Работнички упатува благодарност до фановите за поддршката. Максимален респект за ФК Вардар за ферплејот и витешката игра, како и за навивачката група „Комити“ за коректното навивање од трибините“, истакнуваат од ФК Работнички по триумфот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
