Баерн Минхен нема среќа со повредите оваа сезона. Баварскиот тим го победи Келн со 2-0 на домашен терен, но остана без Кингсли Коман.
Францускиот интернационалец го повреди бутниот мускул и мораше предвреме да ја напушти играта. Првичните проценки се дека тој ќе паузира најмалку три седмици и тој сигурно нема да му биде на располагање на тренерот Томас Тухел за реванш мечот против Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Тоа е единственото натпреварување во кое Баерн Минхен сѐ уште може да се надева на трофеј. По елиминацијата во Купот на Германија, баварскиот тим е на прагот и официјално да ја загуби титулата во трката со Баер Леверкузен. Тоа може да се случи уште утре.
Баерн Минхен против Арсенал дефинитивно ќе биде без Серж Гнабри, многу веројатно и без Лирој Сане, а неизвесен е и голманот Мануел Нојер, кој не бранеше на денешниот меч со Келн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













