Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, останува позитивен и покрај поразот на домашен терен на неговиот тим од Рома со 0-1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.
„Имавме некои проблеми во првото полувреме, требаше да бидеме посмели во одлуките. На Рома и дадовме премногу простор. Создадовме шанси, но не успеавме да ги реализираме. Тоа се работи кои секако одлучуваат за исходот.
Второто полувреме повеќе ми се допадна, бевме поцврсти и повнимателни. Во такви моменти треба да ризикувате повеќе против квалитетни противници, што го направивме и едноставно ни недостасуваше моментот да постигнеме гол за барем да израмниме. Сега треба да се подобриме. Нема да кажам дека е нешто ново затоа што да ја победиме Рома на гости нема да биде ништо ново за нас“, изјави Стефано Пиоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal