Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од Аталанта (0-3) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.
„Ова е вечер на големо разочарување“, изјави дефанзивецот. „Имаше премногу индивидуални грешки и бевме казнети поради нив. Лошо. Требаше да се справиме подобро со одбранбениот систем што го користеше Аталанта. Кога ја имавме топката моравме да делуваме побрзо, многу помоќно. Во исто време оставивме отворени простори и веднаш бевме казнети“, почна Холанѓанецот.
„Бевме премногу расеани. Во голема мера примивме голови затоа што ја губевме топката во тешки ситуации. Боли, но не може да нѐ скрши. Ќе мора да реагираме прилично брзо. Одамна не сме загубиле овде, но не можеме, а да не им оддадеме признание на противниците. Бевме казнети поради невнимателни движења со топката. Сè уште имавме шанси да постигнеме гол-два, но за жал не го направивме ниту тоа“, истакна капитенот на Ливерпул.
Сепак, тој верува дека неговиот тим може да возврати во реваншот.
„Ако не веруваме, тогаш нема да има смисла да одиме во Италија. Веќе имаме тешка задача откако загубивме со 0-3. Потребно е секој да биде мотивиран и да биде на ниво. Тогаш можеме да се фокусираме на постигнување на четирите гола што ни се потребни таму“, потенцираше Ван Дајк.
Реваншот во Бергамо се игра на 18 април.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













