Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, немаше одговори по тешкиот пораз (0-3) од Аталанта во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. Германскиот стручњак го дефинираше однесувањето на својот тим како неприфатливо, но рече и дека ќе анализира што се случило по понеделник, бидејќи претходно ќе го подготви тимот за премиерлигашкиот натпревар против тимот на Кристал Палас.
„За жал, нема ништо позитивно да се каже за овој натпревар. Лоша игра во целина, не ми се допадна нашиот посед, немавме пресинг, им дадовме толку многу шанси и продолживме да ја бркаме топката. Нашите противници постигнаа голови кои не требаше да ги примиме. Не сакам таква игра, но ќе го гледам повторно мечот во понеделник, не сакам да се нервирам пред натпреварот со Кристал Палас. Важно е да се опоравиме и многу е важно да се заборави овој натпревар, тоа беше лош настап“, изјави Клоп.
Реваншот меѓу Аталанта и Ливерпул во Бергамо е за една недела, на 18 април.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













