
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска и официјално треба да го комплетира трансферот од Фенербахче во Наполи кој го потврдија и двата клуба.
Па Елмас, заедно со својот татко и Никола Ѓошевски како негови менаџери кои изминатиов период ги водеа комплетните преговори околу трансферот, утрово од Истанбул веќе заминаа за Рим каде претпладнево треба да се реализираат лекарските прегледи пред официјализацијата на петгодишниот договор со Наполи. Веднаш потоа најголемиот македонски фудбалски талент се приклучува на подготовките на тимот на Карло Анчелоти.
Трансферот е вреден 16 милиони евра, плус два милиони евра како бонуси откако големиот талент ќе одигра 50 натпревари во дресот на Наполи. Тој ќе биде вториот Македонец после Горан Пандев што ќе го носи дресот на славниот италијански клуб каде своевремено играше Диего Марадона.
Фенербахче, пак, официјално му заблагодари за придонесот што го даде во црно-жолтиот дрес посакувајќи му многу успеси на зелениот терен и во иднина.
Gittiğin yerde de parıl parıl parlaman dileğiyle! ??
? https://t.co/0YyRqhOsV4 pic.twitter.com/OWDYujLOKu
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 22, 2019

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
