Елиф Елмас ја почнува својата италијанска бајка откако македонскиот репрезентативец утрово долета во Рим, како увертира за комплетирање на трансферот во Наполи.
Согласно договорот, Елмас ќе ги мине деталните лекарски прегледи во италијанската престолнина, поради што и на аеродромот беше пречекан од медицинските лица на гигантот од Неапол. Откако ќе заврши со прегледите, тој со воз ќе патува до Тренто, од каде клупски автомобил ќе го одведе до тренинг-базата “Димаро“, каде Елиф ќе се сретне со тренерот Анчелоти и со новите соиграчи.
Битката за место во тимот на Наполи ќе биде жестока, но Елмас поседува квалитет за да се избори за довербата на Карло Анчелоти и да го гледаме во дресот на „наполитанците“, како во „Серија А“, така и на натпреварите од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













