
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, е убеден дека неговиот тим сѐ уште има шанси да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Францускиот тим синоќа загуби со 2-3 од Барселона на „Паркот на принцовите“, но Луис Енрике беше задоволен од играта на своите играчи.
„Одигравме добро против многу силен противник. На 0-1 ни беше тешко бидејќи Барса самоуверено ја држеше топката. По паузата го свртевме моментумот во наша корист, но не можевме да постигнеме трет гол“, прокоментира шпанскиот стручњак.
„Тоа не е резултатот што го посакувавме, но ништо не е загубено. Ќе одиме во Барселона со огромна амбиција и желба за победа. За нас ова ќе биде како финале. Имам целосна доверба во тимот“, изјави Луис Енрике.
За ПСЖ тоа беше прв пораз на официјален натпревар од почетокот на 2024 година. Парижаните беа во серија од 28 натпревари без пораз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
