Вечерва се очекуваат нови возбудувања во Париз, каде Пари Сен Жермен ја пречекува Барселона и во Мадрид, каде Атлетико ќе биде домаќин на Борусија Дортмунд.
ПСЖ влегува во овој двомеч како фаворит без разлика што Барса изгледа сѐ подобро како што се ближи крајот на сезоната.
Луис Енрике има одредени кадровски проблеми, најголем хендикеп е отсуството на Ашраф Хакими кој не игра поради жолти картони, додека од друга страна Чави може да смета на сите освен на Гави и на Балде.
ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН: Донарума, Хернандез, Маркињос, Бералдо, Мендеш – Ли, Витиња, Руиз, Дембеле, Асенсио, Мбапе.
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген – Кансело, Араухо, Кубарси, Кунде, Роберто, Гундоган, Де Јонг, Јамал, Рафиња, Левандовски.
Со елиминацијата на Интер, Атлетико покажа дека не треба да се потценува, па со право им се даваат поголеми шанси против Борусија Дортмунд.
Диего Симеоне и Един Терзиќ имаа неколку отсуства, а интересно е што Аргентинецот реши на клупата да го остави црногорскиот репрезентативец Стефан Савиќ, кој досега беше стандарден.
АТЛЕТИКО МАДРИД: Облак, Витсел, Хименез, Аспиликуета, Молина, Љоренте, Коке, Де Пол, Лино, Мората, Гризман.
БОРУСИЈА ДОРТМУНД: Кобел, Рајерсон, Хумелс, Шлотербек, Матсен – Сабицер, Џан, Санчо, Адејеми, Нмеча, Фулкруг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













